тел.: (02) 3091-500
факс: (02) 3091-499

english version

 
 
СЛУЧУВАЊА
за нас >>> новости - - - настани

13.12.2008
На 13.12.2008 година на покана на Здружението на лекари за критично болни пациенти на Р.Македонија  во просториите на деканатот на Медицинскио факултет во Скопје,  Академик Др. Жан Митрев одржа предавање на тема “Крварења во кардиохирургијата и blood saving процедури”.


 

28.10.2008

ПОКАНА

Почитувани,

ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ Ве поканува на едукативен стручен состанок на
28.10.2008 година (вторник) во Кино Салата на Воена Болница, Скопје:

13:00 – 13:15 часот Прием на слушатели

13:15  часот Стручно предавање на Д-р. Тања Анѓушева: ‘‘Дијагностика и терапевтски пристап на заболувањата на големите и периферните крвни садови’’

13:45  часот Стручно предавање на Д-р. Лидија Вељановска на тема: ‘‘ 64  Мултислајс компјутерска дијагностика на заболувањата на аортата и периферните крвни садови’’

14:15  часот Стручно предавање на Академик Д-р. Жан Митрев на тема: ‘‘Трендови во хируршкиот пристап на заболувањата на аортата и периферните крвни садови’’

15:00  часот Коктел

Пријавувањето се врши со пополнување на анкетен лист на денот на предавањето.
Сертификат се доделува по завршување на предавањата

Ви Благодариме,

Фросина Ризов                                                                                      Директор
Организатор                                                           Академик Д-р. Жан Митрев

13.08.2008
Отворање на втора операциона сала
На ден 13.08.2008 година при ПЗУ Специјална Болница по хируршки болести свечено се отвори и пушти во работа втората операциона сала.

10.10.2007
Предавање акредитирано од Лекарската и Фармацевтската Комора на Македонија
На 10.10.2007 година ( среда) ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ организира предавање акредитирано од Лекарската и Фармацевтската Комора на Македонија на следните теми: Drug eluting stents (Д-р.Шпенд Идризи), Хронични тотални оклузии (Д-р.Вилма Ампова), Каротидно стентирање (Д-р.Атанас Јанкуловски)и Патофизиологија на исхемична митрална регургитација (Д-р.Никола Христов).

Предавањето беше масовно посетно од страна на лекари и фармацевти од Македонија, а присуството беше потврдено со сертификати.

http://cardiosurgery.com.mk/images/nastani/predavanje10-10-2007a.jpghttp://cardiosurgery.com.mk/images/nastani/predavanje10-10-2007b.jpg

01.10.2007
Сисание за здравје и едукација на ПЗУ Филип Втори и Кан продукција
На 01.10.2007 година излезе во печат првото списание за здравје и едукација на ПЗУ Филип Втори и Кан продукција.

01.10.2007
АКАДЕМИК Д-Р.ЖАН МИТРЕВ - ЧЛЕН НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБРОР ЗА ОТВОРАЊЕ НА ДРЖАВЕН УНИВЕРЗИТЕТ „ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“
На 01.10.2007 година во Штип се отвори новиот државен универзитет „Гоце Делчев“. Се оствари идејата долга 30 и повеѓе години. Академик др. Жан Митрев е еден од членовите на инцијативниот одбор за конечното започнување на работа на универзитетот.

http://cardiosurgery.com.mk/images/nastani/io_stip.jpghttp://cardiosurgery.com.mk/images/nastani/io_stip2.jpg

19.09.2007
Започнува со работа Ургентниот Дијагностички центар
Од Октомври 2007 година започнува со работа Ургентниот Дијагностички центар при Специјална Болница Филип Втори, кој ќе биде опремен со последната иновација во медицинската технологија: LIGHT SPEED Волуменска Компјутерска томографија.
CT – компјутреска томографија LightSpeed VCT Pro System дава кристално јасни слики во три димензии на сите крвни садови на срцето за само 3 отчукувања.
Тродимензионално ги снима сите внатрешни органи, мозок, бели дробови, коски за само 1-2 секунди.
Можност за тродимензионална виртуелна гастроскопија, бронхоскопија и ректоскопија и комплетен преглед во три димензии на цело тело за само 10 –ина секунди.
Во склоп на ургентно дијагностичкиот центар ќе се наоѓа и салата за ангиографија која ќе биде опремена со најнов ангиограф од марката INOVA 2100 IQ GE и Мобилен RTG апарат GE.
Абулантскиот дел веќе работи со најновите ултразвучни апарати GE VIVID 7 Prokomplet  и GE VIVID 7  Pro.
Со следењето на послената иновативна технологија во ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ на најбрз начин се добива комплетна дијагноза без ризик и компликации за само 10-ина минути.
Од Ургентен Дијагностички центар при
ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ

09.08.2007
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Ве информираме дека во периодот од 07-12 Август 2007 година, во рамките на проектот за интервентна кардиохирургија во соработка со Педијатрискиот кардиохируршки центар во Гисен,  Германија и под менторство и едукација на Prof.Dr. Dietmar Schranz во ПЗУ Филип Втори ќе се извршат интервенции на пациенти со вродени срцеви маани.
Овој проект е започнат во Декември 2003 година и досега интервентно се третирани 36 пациенти, од кои 25 се деца на возраст до 16 години без компликации од било каков вид поврзани со самите интервенции и болнички престој помал од 24 часа.

Во интерес на подигнување на целокупниот систем на здравствена заштита како и доброто на пациентите со вродени срцеви маани, директно со целокупниот процес на тријажа, дијагностика и третман на деца и адулти со вродени срцеви маани ќе биде запознаена делегација од Фондот за здравствено осигурување заедно со Директорот Г-дин Георги Тренковски.

Со почит,
Академик Д-р.Жан Митрев
ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ

30.07.2007
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА
Ве известуваме дека во рамките на хуманитарната акција на ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ за превентивни бесплатни прегледи која траеше од 24 Јули до 27 Јули 2007 година беа извршени 974 трансторакални прегледи.

Одзивот беше над очекуваното, поради што беше потребно да се воведе дополнителна трета смена во амбулантите за да се одржи максималниот квалитет на услугата кон сите пациенти.
И покрај сите напори да им излеземе во пресрет на ѓраганите им се извинуваме на оние кои не успеаа да добијат термин и воедно ги известуваме редовно да ги следат официјалните соопштенија од Филип Втори, затоа што и во иднина ќе се организираат слични вакви акции.
Им благодариме на сите за покажаното трпение и разбирање.

Со почит,
Академик Д-р.Жан Митрев
ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ

 

 

1 2 3 4 следна
1-10 од вкупно 36

СОС телефон:
(02) 3091-861

Инфо линија:
(02) 3091-484

Претходна
Следна