тел.: (02) 3091-500
факс: (02) 3091-499

english version

 
 
НАСТАНИ
за нас >>> новости - - - настани

22.09.2008
НОВО во Дијагностички центар "ФИЛИП ВТОРИ"
Најбрза изработка накрвни групи за трудници, новороденчиња и возачи.

Инфо телефон: 3091 - 484

прочитајте повеќе

16.09.2008
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат сите корисници на здравствените услуги во ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ, дека со ОДЛУКА објавена во Сл.на РМ бр.132 од 31.10.2007 година, се утврдени референтни цени за здравствени услуги од неинвазивна и инвазивна дијагностика- независно каде се извршуваат   здравствените  услуги, и истите ќе бидат рефундирани од ФЗОМ.

Табела на референтни цени

22-24.05.2008
ERC-Конгрес во Гент
Од 22. – 24.05.2008година, менаџерот за медицински квалитет Тања Пампел и одговорната сестра на интензивна нега Весна Наумоска учествуваа на овогодишниот конгрес на European Resuscitation Counsil во Гент, Белгија. 1600 специјалисти за интензивна, итна медицина и нега од целиот свет со состанаа за да ги разменат и дискутираат новите резултати на студиите, технологиите и етичките прашања во врска со кардиопулмоналната реанимација.
Целиот персонал на ПЗУ Филип Втори редовно се едуцира по актуелните ERC-guidelines. По враќањето на нашите двајца учесници, за краток период неколкуте новини ќе бидат применети во праксата.

Прва дистрибутерска конференција на Edwards Lifesciences во Јужна Африка
Како една од значајните дистрибутери на Edwards Lifesciences ФИЛА-ФАРМ беше поканета и имаше свој претставник на нивната првата дистрибутерска конференција во Јужна Африка. Конференцијата траеше 3 дена, а се одржуваше во приватен резервоар на диви животни северно од Јоханесбург.
За време на конференцијата беше презентирано портфолиото на компанијата Edwards Lifesciences како и сите новини и обсолентни производи од нивната линија.  
Edwards Lifesciences е една од водечките компании со потрошни материјали и апарати за Интензивна нега, васкуларна и кардио хирургија, како и материјали и апарати за Хемофилтрација. Нивното мото „Помагање на пациентите е нашата животна работа, а ЖИВОТОТ Е СЕГА!“, е слика на нивната визија и мисија а тоа е производство на материјали и системи кои се помалку инвазивно ќе бидат аплицирани на пациентите. Таков пример е нивниот единствен производ на светскиот пазар апарат за неинвазивно мерење на Минутниот срцев излезен волумен (Cardiac output) и на оксигенската сатурација на венската крв т.н. VIGILEO.
Конференцијата беше утврдување на квалитетот на нивните материјали како и приказ на вредностите и придобивките од нивното користење.
ФИЛА ФАРМ дооел како дитрибутер за Македонија високо котираше во потрошувачката споредбено со останатите поранешни југословенски републики, а тоа се должи на стекнатата доверба во нивните материјали од страна на ПЗУ „ФИЛИП ВТОРИ“ кои задоволно ги користат предностите и материјалите што Edwards Lifesciences може да ги понуди.

28.03.2008
Симпозиум „Новини во педијатријата 2008“
Од 28-29 Март 2008 Година во Хотел Aлександар Палас се одржа Симпозиум „Новини во педијатријата 2008“ во организација на македонско лекарско друштво, здружение на педијатрите во македонија, Клиника за детски болести, каде што активно учество земаа Академик Др. Жан Митрев со предавање на тема „Кардиохируршки третман на пациенти со вродени срцеви маани 2000-2008“ и Др. Иван Милев со предавање на тема „Вродени срцеви маани – интервентен третман во РМ, 2003-2008 година, резултати и перспективи“.

19.03.2008
Прифатени презентации за „WSCTS 2008 World Congress“
Прифатени презентации на наши доктори на „WSCTS 2008 World Congress“ - линк

17.02.2008
5th Joint Meeting – German, Austrian and Swiss societies for thoracic and cardiovascular surgery,Innsbruck
5th Joint Meeting – German, Austrian and Swiss societies for thoracic and cardiovascular surgery
– Innsbruck 17-20 February 2008
Беа представени најнови трендови и последни достигнувања во кардиоваскуларната хирургија
 Присуствува со видео презентација: Др. Владимир Белосточки

25.11.2007
13 – Серуски конгрес по Кардио-васкуларна хирургија
Од 25 – 28 Ноември во Москва, се одржа 13 – Серуски конгрес по Кардио-васкуларна хирургија, каде активно учество имаа Д-р. Митрев, Д-р. Белостотскии и Д-р. Петровски со следните теми :
- DIRECT CIRCULAR REPAIR FOR LEFT VENTRICLE ANEURYSM
- Хирургическое лечение острого расслоения аорты (Stanford A)
- РОЛЬ ВЫСОКОЙ ТОРАКАЛЬНОЙ ЭПИДУРАЛЬНОЙ АНЕСТЕЗИИ И АНАЛГЕЗИИ В КОМБИНИРОВАННОМ АНЕСТЕЗИОЛОГИЧЕСКОМ ПОСОБИИ ПРИ ПРОВЕДЕНИИ ОПЕРАЦИЙ И ПОСЛЕОПЕРАЦИОННОМ ВЕДЕНИИ КАРДИОХИРУРГИЧЕСКИХ БОЛЬНЫХ
- New surgical technique for stentless aortic valve replacement

http://cardiosurgery.com.mk/images/kongresi/PB250406.jpghttp://cardiosurgery.com.mk/images/kongresi/PB250410.jpg

http://cardiosurgery.com.mk/images/kongresi/PB280444.jpg http://cardiosurgery.com.mk/images/kongresi/PB250416.jpg

16.10.2007
 IV Светски конгрес по Позитивна Психотерапија, Фамагуста, Кипар
Од 16.10.2007 до 20.10.2007 година во Фамагуста, Кипар се одржа IV Светски конгрес по Позитивна Психотерапија во оргганизација на Академијата и Меѓународниот центар за Позитивна Психотерапија од Визбаден, Германија под супервизија и тренинг од творците на овој психотераписки правец Проф. Д-р. мед. Носрат и Мариџа Песешкијан. ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ, на Конгресот имаше своја презентација и предавање во областа ,,Психотерапија во болници и различни медицински дисциплини,, на тема “Психодинамика на стрес кај кардиохируршки пациенти” во реализација на психолошката служба: предавач - Татјана Ристова Димова, психолог- психотерапевт и асистенција на Илија Дојчиновски, психолог.http://cardiosurgery.com.mk/images/kongresi/kipar2007_2.jpg
По презентирањето и одржаното предавање ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ како единмствен претставник од Македонија ја доби Апликацијата за официјално членство на Академијата Визбаден, Германија од страна на директорот на Визбаденската академија за психотерапија Д-р. Мед. Хамид Песешкиан, специјалист по неврологија, психијатрија и психотерапија.

Беа воспоставени контакти со повеќе Национални Центри по позитивна психотерапија од Германија, Украина, Русија, Бугарија, Косово и други земји и беа разменети искуства од практичната работа со пациенти со различни здравствени проблеми (психосоматски тегоби, кардиоваскуларни, дијабет, карцином итн) како и апликативните можности на позитивната психотерапија во стрес менаџментот.
Партиципиентите на Конгресот беа поздравени и од Претседателот на Турската Република на Северен Кипар.

Абстракт: Psychodynamics of stress in cardiac surgery patients


16.10.2007
Годишен собир на Здружението за кардиологија на република Македонија
На ден 16.10.2007 година се одржа годишниот собир на Здружението за кардиологија на република Македонија. На собирот се гласаше новото претседателство. Др.Анѓушева Тања беше избрана како активен член на претседатеството.

 

1 2 3 следна
1-10 од вкупно 28

СОС телефон:
(02) 3091-861

Инфо линија:
(02) 3091-484

Претходна
Следна