05.10.2007
Ехокардиографската школа, Белград, Р. Србија
Во периодот од 05.10-06.10.2007 година во Белград се одржа Ехокардиографската школа под покровителство на Европското здружение за Кардиологија, а во организација на Српското здружение за кардиологија. На школата учествуваа др.Борјанка Георгиева, др.Владо Петровски, др.Иван Милев, др. Вилма Ампова, др. Идоски Енвер и др. Тања Анѓушева.
Гости предавачи на школата беа: проф.Фејзер, проф.Пинто, проф.Фабула и останатите членови од ехокардиографскиот врв на Европа.
Школата ги презентираше последните новини и водичи(гајдлајнси) во ехокардиографијата.
Покрај школата имаше сесија назначена како : Прашања до ехо виртуозите, каде дирекно беа поставувани ехо case- репорти до врвните професори од Европа. Во оваа сесија активно учество зема и др. Анѓушева Тања, презентирајќи случај на пациент со тумор во левата комора. Презентацијата беше следена со голем интерес и 40-минутна дискусија од страна на професорите.
Новините кои ги видовме и научивме, ќе бидат скоро дел од нашата секојдневна работа.
25.06.2007
Активен тренинг во Hoevelaken Холандија (Datascope)
Од 25.06.2007 до 29.06.2007 година во Hoevelaken Холандија во Европското преставништво на Datascope се одржа активен тренинг за употреба и сервис на сите модели на интра-аортни балон пумпи и тоа: Datascope IABP System 98 , Datascope IABP CX 100 како и најновата Datascope IABP CX 300.На тренингот присуствуваше и прставник од ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ главниот перфузионист Игор Кајевски при што се се здоби со сертификат за користење и сервис на сите модели на интра-аортни балон пумпи од Datascope.За повеќе информации може да се обратите на веб страната на Datascope. http://www.datascope.com/
09.06.2007
Конгрес „Euroanaesthesia 2007“, Минхен, Германија
На „Euroanaesthesia 2007 Meeting“ кој се одржа во Минхен, Германија од 9-12 јуни 2007 година, присуствуваа: Др. Никола Христов и Др. Владо Петровски
Со 3 постер презентации
Линк
06.06.2007
10-ти jубилеен состанок на Меѓународното здружение за минимал инвазивна кардиохирургија (ISMICS), Рим, Италија
Во периодот од 06.06.-09.06.2007 година се одржа 10-тиот Јубилејниот состанок на Меѓународното здружение за минимал инвазивна кардиохирургија (ISMICS).
Состанокот се одржа во Рим и на него активно учество зема др.Анѓушева Тања со презентацијата на тема : „Нова хирурска техника во третманот на аортната стеноза“.
Др.Тања Анѓушева е активен член и на Програм комитетот и активно учествувасе во организацијата и изборот на програмата за овој состанок.
06.06.2007
12-ти Европски конгрес за екстракорпорална циркулација
Од 06.06.2007 до 09.06.2007 година во Киев Украина се одржа 12-ти Европски конгрес за екстракорпорална циркулација. ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ на овој конгрес беше присутна со свој преставник Игор Кајевски. Беа изложени сите новитети од областа на Екстракорпоралната циркулација како најновите модели на машини од Stoeckert,Terumo и Jostra.Повеќе информации може да добиете на следниов веб сајт
http://www.fecect.org
03.06.2007
Учество на „Leadership Program in Health Policy and Management“
Академик Д-р.Жан Митрев, 03-08 Јуни 2007 година, САД
Во период од 03-08 Јуни 2007 година Академик Д-р. Жан Митрев зема активно учество на Leadership Program in Health Policy and Management, на Brandeis Universit, Waltham, MA, USA.
20.05.2007
30-ти меѓународен научен конгрес на студенти по медицина и млади лекари, Охрид, Македонија
Во рамките на 30-иот меѓународен научен конгрес на студенти по медицина и млади лекари, кој се одржа од 17. до 20.05.2007 година во Охрид, екипата од ПЗУ Филип Втори им понуди на студентите работилници на тема “Кардиопулмонална Реанимација” по препораките на European Resuscitation Council. Одржани се пет работилници со вкупно 90 студенти.
22.04.2007
Cardiothoracic surgery symposium Синсинати , Охајо , САД
Во периодот од 20-22 април, 2007 во Cincinnati, Ohio, USA се одржа „ Cardiothoracic surgery symposium“ од страна на „Thoracic Surgery Residents Association“ и „Thoracic Surgery Directors Association“. Активно учество на симпозиумот зема Др. Никола Христов. Тема на симпозиумот - “Hands on” training in minimal invasive cardiac surgery procedures.
23.10.2006
Австриски интернационален конгрес за анестезиолози(AIC), LINZ
Известување за активно присуство на AIC (Австриски интернационален конгрес за анестезиолози) во LINZ од 13 до 15 Септември 2006-10-23
На AIC (Австриски интернационален конгрес за анестезиолози) во Linz од 13-15.09 2006, Петровски Владо, анестезиолог зема активно учество со презентирање на 2 теми:
- Епидурал во кардиохирургијата
- Екстубација во сала после кардиохируршка операција
Интересот беше голем, беа поставувани доста прашања и имаше интерес предлог од Проф. Од Романија за едукација на нивните анестезиолози за поставување на висока Епидурална во “Филип Втори”.
Се воспоставија два контакти, посебно важни се:
Prof. Burchardi од Goettingen: интензив-медицинар за негова евентуална покана во “Филип Втори”
Контакти со повеќе фирми посебно со Rush за “Perkutwist” (перкутано поставување на трахеостмска канила)
21.06.2006
Од 21-24 јуни 2006 година во Охрид се одржа Третиот македонски конгрес на Кардиологија
Благодарeние на многуте пријавени теми од областа на кардиохирургијата и кардиологијата му беше доделена благодарница на Академик Др.Жан Митрев.Сите трудови се наоѓаат во зборникот книга на апстракти.Во склоп на конгресот се одржа и кардиолошка секција на медицински сестри и техничари на република Макeдонија на која свое предавање имаше и медицинска сестра Сузана Димишковска на тема “Значењето на 24 часовниот ЕКГ Холтер мониторинг во евалуација на артимиите кај пациенти после кардиохируршки третман”.
претходна 1 2 3 следна
11-20 од вкупно 28
|