тел.: (02) 3091-500
факс: (02) 3091-499

english version

 
 
НОВОСТИ


12.02.2010
Свеченост по повод десетгодишнината од постоењето на „Филип Втори“


Повеќе од 600 гости во холот на хотелот „Александар Палас“ му упатија честитки на академик др. Жан Митрев за успешното десетгодишно работење и за постигнатите исклучително високи резултати.

Кон честитките се приклучија и специјалните гости на свеченоста - Претседателот на Република Македонија , г. Ѓорѓе Иванов, Премиерот на Република Македонија, г. Никола Груевски, како и други познати личности од политичкиот и јавниот живот на државата .

Меѓу присутните гости беа и познати имиња со светско реноме: проф.др.Марко Турина, др.Прапас, проф. Шранц. Тука беа најблиските соработници и личните пријатели на др.Митрев за да му оддадат чест и признание на својот колега и пријател.

Свеченоста по повод јубилејот беше прилично несекојдневна, со добро осмислен перформанс во режија на Златко Славенски. На две големи платна непрекинато течеше документарен видеоматеријал за развојот на болницата, а на двете сцени со богата и интересна симболика, балерини и оперски певици изведуваа нумери како музичка поддршка на видеоматеријалот. Сè на сè, настан кој долго ќе се памети.

На свеченоста беа презентирани фактите кои го одбележаа десетгодишното работење на оваа реномирана здравствена установа.
Од 2000 г. наваму, во Македонија континуирано и непрекинато се оперира срце. Зборовите се заменети со дела. Делата нека зборуваат:

• Сè почна со неколку вработени, а сега се 210.
• Во првата година се направени 230 операции, во десеттата 1850.
• Стапката на вкупна смртност, од 6% во првата година, се намали на 0,9% во последната.
• Воведени се многу новини и техники на оперирање.
• Првпат во светот се изведе бајпас на срце на буден пациент кој стана од операционата маса и на нозе си дојде до својот кревет.
• Многу признанија и награди од земјата каде што медицината е водечка - од Соединетите Американски Држави.
• Изградба на еден нов систем, воведување на ДРГ системот, плаќање по операција, систем кој е воведен уште од самиот почеток, првпат во регионот.
• Воведување на најмодерна информатичка инфраструктура, опрема и едукација на кадарот.
• Изградба на висок систем на организација со комплетна дигитализација на процесот на архивирање на медицинската документација.
• Единствена здравствена институција со ИСО сертификација.
• Единствена установа во која доаѓаат пациенти од високоразвиените земји на Америка и Европа, за операција на срце тука, во Македонија.
• „Филип Втори“ е установа со изградени високи етички, морални, стручни и човечки вредности.
• Специјалната болница „Филип Втори“ со право заслужува да го носи тоа име.

Replek
погледнете видео

 

18.02.2010
Покана за едукативен стручен состанок "10 ГОДИНИ КАРДИОХИРУРГИЈА"


По повод јубилејната прва деценија ПЗУ "Филип Втори"
ве поканува на едукативен стручен состанок. Состанокот ќе се одржи на 26.02.2010 (петок) во Х. "Александар Палас" со почеток од 12 часот...погледнете покана


18.02.2010
Десет години Болница „Филип Втори“
Најголем кардиохирушки центар на Балканот

На 1 март 2000 година започна со работа Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“. Во текот на изминативе десет години се изведени 7 000 операции на отворено срце и се направени над 90 000 прегледи. Преку стручноста , искуството и менаџмент-стратегијата на академик д-р Жан Митрев, денес, работата во болницата е стандардизирана според сертификатот ИСО 9001 : 2000 .

Во болницата се вработени 42 лекари и над 200 лица како друг персонал. Вработените се високоедуцирани, редовно посетуваат обуки надвор од Македонија и ги применуваат стекнатите искуства во пракса.

Болницата е опремена со најнова технологија од оваа област во сите одделенија преку кои се одвива работата во оваа високостручна установа. Тука, непречено, 24 часа функционираат 5 амбуланти со најсовремени апарати за ехографска дијагностика, холтер-дијагностика, биохемиска лабораторија, трансфузиологија, микробиологија, рендген-дијагностика опремена со сали за ангиографија, коронарографија и компјутерска 64-слојна томографија, интензивна нега со 12 кревети и полуинтензивна со 30 кревети. Болницата, исто така, располага со две најсовремено уредени операциони сали.

Најважна е довербата што оваа болница ја стекна кај своите пациенти. „Филип Втори“ има услови и капацитет кој ќе ги задоволи потребите за сите видови на кардиоваскуларни операции, коронарографии и стентирање.

Многупати, токму болницата „Филип Втори“ и вештите раце на академик д-р Жан Митрев беа спасот за нечиј живот, дури и кога изгледаше дека речиси е невозможно нешто да се направи .

За овие десет години работење, болницата и вработените се добитници на многубројни награди и признанија, кај нас и во светот. Во 2009 година Болницата го доби највисокото признание на градот Скопје, наградата 13 Ноември .

Ова признание на градот зад кое стојат лекари, спортисти, хуманитарни организации, независни институции, обични луѓе, за болницата е многу значајно и претставува заокружување на една десетгодишна работа, но, во исто време и мотив да се продолжи понатаму.

Вработените велат : „Големиот број благодарници и писма на задоволни пациенти адресирани до болницата се мотив да продолжиме и понатаму со истиот интензитет.

Горди сме на болницата „Филип Втори“ која според својот квалитет на услугите, опременоста и процентот на смртност кој е помал од 1%, се вбројува во групата на најреномирани кардиохируршки центри во Европа“.

Replek
погледнете видео

 


12.02.2010
Благодарница за „Филип Втори“

Со видео спотот „Со срце за Македонија“ беше отворена свеченоста која за своите помагатели ја организираше Македонската кошаркарска федерација.

На свеченоста што се одржа на 12.02.2010 во хотелот „Александар Палас“, МКФ на болницата „Филип Втори“ ѝ додели Благодарница за извонредната медицинската грижа за кошаркарските репрезентативци во 2009 година.

Болницата „Филип Втори“ е медицински партнер и спортски пријател на МКФ.

Во болницата се вршат редовните систематски прегледи на кошаркарите и се санираат евентуалните повреди на репрезентативците. Соработката помеѓу кошаркарите и „Филип Втори“ продолжува и во 2010 година.

Replek
погледнете видео

 

12.02.2009
БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ

По повод десет години од постоењето на болницата ,,Филип Втори”, од 01 до 28 Февруар организираме акција во борба
против кардиоваскуларните заболувања... прочитајте повеќе

 


12.02.2009
НОВО ВО ДИЈАГНОСТИЧКИОТ ЦЕНТАР „ФИЛИП ВТОРИ“

Амбулантата за ортопедија и трауматологија при Спeцијалната болница за хируршки болести „Филип Втори“ почна да работи со ново работно време:
понеделник - петок од 07:00 до 20:00 часот, а за итни случаи и по 20:00 часот, во секое време... прочитајте повеќе

 


02.02.2009
Одлука за соработка со Универзитетот Гоце Делчев Штип.

Со оваа одлука ПЗУ "Филип Втори"е придружна членка на универзитетот.

Одлука за соработка

 


21.12.2009
Редовен состанок на Здружението на невролози и неврофизиолози на Република Македонија.

На 21 декември 2009, во просториите на Реплек- Скопје се одржа редовен состанок на Здружението на невролози и неврофизиолози на Република Македонија.

По покана на претседателот на здружението на неврофизиолози, проф д-р Дијана Никодиевиќ, директорот на ПЗУ „Филип Втори“, академик д-р Жан Митрев, одржа предавање на тема : Современата дијагностика и хируршкиот третман на каротидна болест.

На предавањата беа присутни невролози и неврофизиолози од цела Македонија.

Во рамките на овој редовен состанок, предавања одржаа и други еминентни професори и лекари од Република Македонија.

Replek
погледнете видео

 


19.12.2009
Eдукативно предавање на тема : Периферна васкуларна болест - превенција, дијагноза и третман.

Здружението на лекари по општа пракса на Република Македонија, во соработка со стручниот тим на лекари на болницата „Филип Втори“, организираа едукативно предавање на тема : Периферна васкуларна болест - превенција, дијагноза и третман.

Предавачите во состав: академик др.Жан Митрев - директор на ПЗУ „Филип Втори“, др. Биљана Божиновска - радиодијагностичар, др. Лидија Вељановска - радиодијагностичар, др.Звонко Атанасов - радиодијагностичар, со конкретни примери укажаа на значењето на добриот третман, односно лекувањето на кардиоваскуларните заболувања, а особено дијагностиката.

Во преполната сала 4 на Стопанската комора на Македонија предавањата ги следеа 200 лекари од општа пракса. Лекарите позитивно го оценија ова предавање како многу корисно за нивната пракса и затоа ваквите едукативни состаноци помеѓу болницата “Филип Втори” и лекарите ќе продолжат и понатаму.

На оваа прва средба беше заклучено дека единствен начин да се намали смртноста од кардиоваскуларните заболувања е подобра дијагностика.
Сите присутни лекари добија сертификати истиот ден, по завршувањето на предавањето.

Komora
погледнете видео

 


21.12.2009
ПЗУ Филип Втори Ви пожелува СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ


погледнете ја честитката

 



1 2 3 4 5 6


Научни предавања



besplaten pregled za redovni krvodariteli

СОС телефон:
(02) 3091-861

Инфо линија:
(02) 3091-493