|
Специјална болница по хируршки болести
"ФИЛИП ВТОРИ"
Ул."Илинденска" б.б.
тел: 02/3091-500 факс: 02/3091-499
www.cardiosurgery.com.mk
e-mail: info@cardiosurgery.com.mk
Поважни телефони и адреси:
Контакт за закажување на итни пациенти:
24 часовни контакт телефони за добивање на информации за преглед, дијагностичко интервентна процедура или итен оператвен зафат се:
071/230-470, 071/230-450, 070/327-551
Локација:
Специјалната болница по хируршки болести „ФИЛИП ВТОРИ“ се наоѓа во зградата на воената болница во Скопје, на три ката. Се влегува од главниот влез на воената болница. Во нејзина близина се наоѓаат хотелот „Александар Палас“ и трговскиот центар „Лептокарија“.
Доколку користите јавен градски превоз, до Специјалната болница по хируршки болести „ФИЛИП ВТОРИ“ може да стигнете со линиите 2, 4, 7, 12, 15, 19, 22 и 24.
Од автобуската и железничката станица може да се пристигне со линиите 7, 15 и 22. Болницата е на околу 3 километри оддалеченост од станиците.
Сите автобуски линии минуваат по булеварот „Партизански одреди“, треба да се симнете на станицата кај трговскиот центар „Лептокарија“
- Доколку доаѓате со сопствен превоз од друг град во Скопје:
Ако доаѓате од страната на Велес или Куманово, останувате на булеварот и возите право. Штом ќе ги минете стадионот и градскиот парк од левата страна ќе ги здогледате хотелот „Александар Палас“ и веднаш зад него зградата во која се наоѓа кардиохирургијата. Тогаш на првите семафори вртите лево и се упатувате кон болницата.
Ако доаѓате од страната на граничниот премин кон Косово, на првите семафори вртите десно и продолжувате право се до Специјалната болница по хируршки болести „ФИЛИП ВТОРИ“.
|