|
V - Ехотомографски преглед на абдомен
Современа дијагностичка метода која по пат на ултразвук ги открива заболувањата на абдоминалните органи (јетра, жолчно кесе, панкреас, слезенка, бубрези).
Информација за текот на прегледот со ехотомограф:
- оваа методата е неинвазина, безболна и се изведува во лежечка состојба;
- на стомакот се става ехо гел (растворлив со вода и кој не остава флеки, нема мирис).;
- лекарот кој ве прегледува ја поставува сондата за преглед површно на кожата од стомакот, со што не се предизвикува болка;
- подготовката и самиот преглед траат 20 - тина минути;
Подготовка на пациентот пред да дојде на закажаниот преглед:
- носете со себе резултати од претходни ехо и компјутерски прегледи доколку ги имате
- бидете удобно и лесно облечени
- најмалку 6 часа пред прегледот не јадете
- претходниот ден бидете на лесна течна храна
- пријавете доколку претходните неколку дена ви е правено рентгенско снимање на стомакот со пиење бариумова каша
- дојдете со полн мочен меур или еден час пред прегледот може да испиете 4 до 6 чаши вода или чај без шеќер
назад кон компјутерска томографија
|