24 часовни контакт телефони за добивање на информации за преглед, дијагностичко интервентна процедура или итен оператвен зафат се: 071/230-470, 071/230-450, 070/327-551
Локација:
Кардиохирургијата „ФИЛИП ВТОРИ“ се наоѓа во зградата на воената болница во Скопје, на првиот и вториот кат. Се влегува од главниот влез на воената болница. Во нејзина близина се наоѓаат хотелот „Александар Палас“ и трговскиот центар „Лептокарија“.
Специјална болница за
кардиохирургија "ФИЛИП ВТОРИ"
- Доколку користите јавен градски превоз, до кардиохирургијата „ФИЛИП ВТОРИ“ може да стигнете со линиите 2, 4, 7, 12, 15, 19, 22 и 24.
Од автобуската и железничката станица може да се пристигне со линиите 7, 15 и 22. Болницата е на околу 3 километри оддалеченост од станиците.
Сите автобуски линии минуваат по булеварот „Партизански одреди“, треба да се симнете на станицата кај трговскиот центар „Лептокарија“
- Доколку доаѓате со сопствен превоз од друг град во Скопје:
Ако доаѓате од страната на Велес или Куманово, останувате на булеварот и возите право. Штом ќе ги минете стадионот и градскиот парк од левата страна ќе ги здогледате хотелот „Александар Палас“ и веднаш зад него зградата во која се наоѓа кардиохирургијата. Тогаш на првите семафори вртите лево и се упатувате кон болницата.
Ако доаѓате од страната на граничниот премин кон Косово, на првите семафори вртите десно и продолжувате право се до Кардиохирургијата.