Не брзајте да го пополните овој формулар. Имајте во предвид, дека овој формулар заедно со вашите документи е се што ние знаеме за Вас. На основа на податоците кои ги давате овде, ние одлучуваме дали сте од интерес за нашата клиника и дали сакаме да се запознаеме со Вас. Искористете ја оваа шанса за да оставите позитивен впечаток. Најдобро ќе се презентирате ако дополнително пријавите детален Curriculum vitae (CV) кој е изработен на компјутер.
Набројте ги сите квалификации кои некогаш сте ги стекнале, без оглед дали се тие директно поврзани со позицијата за која сте пријавени. Дали владеете со некој странски јазик, компјутерски вештини, или можеби сте наклонети кон некоја уметност? Кои се Вашите доблести?
Набројте ги сите досегашни работни места, без пропуст и наведете ги активностите кои сте ги извршувале. Доколку имате, приложете препораки од Вашите претходни работодавци. Ако сте биле привремено невработени, објаснете зошто!
Ако сте медицинска сестра-техничар, молиме да наведете за кои оддели сте заинтересирани (дијагностика, коронарографија, операциона сала, анестезија, интензивна нега, одделение за кардиологија).
Образложете ја Вашата мотивација да работите за нас. Зошто се пријавувате баш за нашата клиника? На што се надевате од Вашето вработување кај нас? Со што мислите дека може да придонесете за успех на нашата организација?